Типови на амбалажни кутии и модели на кутии
Квалитетите на брановидни картони дозволуваат изработка на различни видови на транспортни и комерцијални амбалажни кутии, како:
- Американски кутии
- Едноделни и дводелни
- Телескопски и
- Самосклопливи
На површината на транспортните кутии може да се печатат ликовни и графички решенија в офлексо техника со бои кои се водорастворливи и не се опасни по здравјето на оние кои работат со нив а и по околината. Кашираните комерцијални кутии се изработени од брановиден картон каширан со офсет отпечатена хартија и се со неверојатни карактеристики и висококвалитетни графички ефекти.
Врсти на материјали за изработка на картонска амбалажа
Во производната програма се користат неколку типа на трослоен и петослоен картон со можност бранот да биде микро или Е-бран, Б-бран или Ц-бран што ја одредуваат висината на картонот. 

Квалитети на материјали за изработка на картонска амбалажа
Се изработуваат од најразлични комбинации на амбалажни хартии како рециклирани така и хартии со висок квалитет на база на природни материи - целулозата и различни граматури кои го одредуваат квалитетот на брановидниот картон.

|