Зошто Картон?!?
Во денешно време под пакување се подразбира сигурно пренесување на производите од местото на производство до местото на продажба. Заштитата на производот е првичната намена и на картонското пакување, но сепак различните начини на користење се главните придобивки кои го одвојуваат од другите начини на пакување. Вештиот дизајн во спој со иновативноста и креативноста можат да го направат производот да изгледа многу поразличен од сличните на него. Сигурноста, прегледноста, привлечноста, економичната изработка, лесното користење, се само дел од придобивките кои ги добивате со користењето на картонското пакување.

Реклама
Картонот е дел од рекламата за производот на самото продажно место. Статистички, 70% од одлуките за купување се донесуваат во продавниците пред самите полици, па овде картонот може да го привлече вниманието на купувачите и со тоа да овозможи купување на производот. При испитувањата извршени на купувачи утврдено е дека пакувањето е најефективна форма на реклама која ќе го убеди конзументот да купи одреден производ повторно.

Препознатлив бренд
Препознатливиот бренд и лојалноста кон него се клучни за успехот на еден производ. Картонот има висококвалитетен имиџ, овозможува производот да остави силен впечаток кога ќе биде изложен и е ценет од страна на купувачите. Иновативните форми и интересните печати веднаш го привлекуваат вниманието и со сигурност ја зголемуваат препознатливоста на еден бренд. Топлиот и познатиот изглед на картонт овозможува и промовирање на еден бренд.

Ефтина изработка
Напредувањата во технологијата за изработка на картони доведоа до значително намалување на цената на изработката на картонот. Во последните 20 години тежината на картонот за исти производи се намали за 40% а истовремено и квалитетот и сигурноста при транспортот се зголемени. Сите овие фактори ја прават изработката на картонот да биде многу поефтина од било кој друг начин на пакување.

Лесни за користење
Едноставноста и лесното користење се основни во сите точки во ланецот на снабдување. Картонот може да се доставува отворен до пакувачот за да се заштеди на простор. Може да се испорачува до продавачот во различни форми за да се овозможи лесно и поедноставно местење на полиците.За конзумерите клучни се лесното отварање и затварање на производот како и дизајн кој не зафаќа многу место во нивните домови. Картоните се лесни и при процесот на рециклирање бидејќи за нив не треба некое комплексно сортирање.

Функционални
За да овозможи некакви придобивки во ланецот на снабдување пакувањето треба да биде функционално. Картонот и картонската амбалажа се познати по високопродуктивното и ефтино пакување. Други елементи, како што се лесното местење на полици, лесно читање на баркод, сигурноста при транспортот, прилагодувањето на картонот на идните технологии, се само дел од предностите во поглед на функционалноста кои ги има картонот во однос на другите начини на пакување.

Иновација
Како што препознавањето на постоечкиот производ е важен елемент така е и привлекувањето внимание на некој нов производ. Картонот нуди бесконечно многу форми, дизајни, материјали и завршни елементи. Се поголемата соработка во ланецот на снабдување помага при раѓање на нови идеи кои на сопствениците на брендови им нуди флексибилност во поглед на дизајнирањето и изборот на пакување што би ги натерало купувачите да го изберат нивниот производ.

Квалитетен
Самата одлука за купување на производ е без сомневање поврзано со начинот на кој тој се презентира на купувачите. Со се поголемиот избор на производи јасно е дека пакувањето кое што проектира квалитет може да го убеди купувачот да го купи тој производ. Картонот, со својот квалитет при печатење и многуте различни специјални ефекти кои може да се направат на него, ја дава сликата на квалитет на еден производ на продажните места, што е витално за успехот на еден производ. Холограми, текстури, гравури и други ефекти, го прикажуваат квалитетот и тој имиџ се пренесува на самиот производ. Многу производи, како парфеми, текстилни производи, накит, се пакуваат во картон и тука се гледа употребата на картонското пакување во сите сфери - од чевли до шпагети, од детергенти до храна, од козметика до корнфлејкс.

Еколошки
Секој дел од ланецот на снабдување има одговорност при зачувувањето на околината. Токму тука картонското пакување се јавува како најдобро решение. Картонот се произведува од материјали кои што се обновуваат така да секогаш има повеќе дрвја и растенија во природата отколку што се употребуваат. Преку 50% од картонот кој се произведува и користи во Европа се прави од рециклирана хартија. Картонот е лесен, обновлив, преработлив и социјално одговорен.

Разновиден
Разновидноста на картоните е безгранична. Разни форми, печати, текстури, механизми за отварање и затварање, сите тие може да се искомбинираат на најразлични начини со што картонот добива друга димензија. Производствените капацитети и дизајнерските оддели секогаш спремно се справуваат со проблемите и доаѓаат до најдоброто решение за нивните клиенти. Стилот и генијалноста се клучни вештини во картонската индустрија што им овозможува на корисниците на картонот да создадат голем број на дизајни и идеи.

Кажано накратко - ИДЕАЛНО РЕШЕНИЕ ЗА ПАКУВАЊЕ!!!
 
© Алекспак дооел, Друштво за вработување на инвалидизирани лица за производство на картонска амбалажа