Дејност
Основната Дејност на „Алекспак“ е изработка на картонски материјали и кутии. Иако нова на пазарот, „Алекспак“ има тим од професионалци кои се секојпат спремни да ја остварат главната цел на фирмата, а тоа е целосно задоволување на потребите на клиентот.

Вредности
Главен приоритет се дава на квалитетот на производот, како и на брзината на производството и испораката. Професионалност, флексибилност, квалитет, ефикасност се нашите вредности. Ефикасното и навременото извршување на нарачките е столбот на кој ја градиме нашата доверба.

Производство
Одделот за дизајнирање ќе Ви помогне околу дизајнот и изборот на материјалите.
Одделот за продажба и контакт со клиентите е тим кој е фокусиран да ги разбере и да им излезе во пресрет на желбите на клиентите.
Производниот процес се состои од :

  • Димензионирање на пакувањето
  • Избор на квалитет на картонот
  • Дизајн на амбалажата со подготовка за печат
  • димензионирање на амбалажата
  • Флексо - Печат
  • Слотирање
  • Штанцање
  • Лепење
  • Каширање
  • Врзување и палетирање на готова амбалажа
 
© Алекспак дооел, Друштво за вработување на инвалидизирани лица за производство на картонска амбалажа